Бебешко се откажа од еден ангажман – ќе се посвети само на Украина пред ЕП!

Селекторот на Украина, Сергеј Бебешко имаше два ангажмани, во репрезентацијата и во екипата од Романија, Калараши. Но договорот со романскиот клуб беше раскинат со меѓусебна согласност.

Бебешко престана да работи во клубот од понеделникот, а како што изјави причина за прекинувањето на соработката е неисполнување на договорените обврски од страна на Калараши.

Освен тоа втора причина е и желбата потполно да се посвети на репрезентацијата на Украина со која го очекува настап на Европското првенство во јануари.

Во последнно време има гласини дека Калараши има финасиски проблеми и дека е можно и клубот дури и да се распадне.