Бебешко им даде пет слободни дена на украинските репрезентативци

Тренерот на репрезентациајта на Украина која е прв противник на Македонија на Еворпското првенство го коментираше изборот на ракометари со кои ќе настапи. Тој одбра 18 ракометари после подготовките и на контролниот турнир во Швајцарија ќе патува со играчите кои ќе ги поведе и на првенството.

„Задоволен сум како помина првиот дел од подготовките. Тоа што го сакавме го одработивме, многу е важно да немаме нови повреди. Мислам дека добро се подготвивме, но штета е што не можат сите момци кои ги повикавме да патуваат со нас. Ако се случи нешто непредвидено може да направиме измени после турнирот во Швајцарија. Тројцата кои остануваат дома се во конкуренција и можно е да има некоја измена“, изјави слекторот на Украина.

Репрезентативците на Украина ќе добијат пет слободни дена за новогодишните празници, а Бебешко смета дека тоа е многу важно за играчите.

„Ова посебно го испланиравме, верувам дека е погрешно да ги држиме играчите подалеку од своите семејства за време на празниците. Тоа е многу важно психолошки, а немаме грижи околу тоа дали играчите ќе го нарушат режимот. Сигурен сум во нив. Сега е важно да имаме денови за одмор за психичко и физичко опоравување после напорните тренинзи и со нова енергија да го започнеме турнирот. Одморот е многу важен“, заврши Бебешко.

Украина на подготвителниот турнир во Швајцарија ќе игра против Швајцарија, Холандија и Тунис.