Барселона се пласираше во полуфиналето на ИХФ Супер Глоуб

Во првиот натпревар од денешната програма Барселона го совлада тимот на Сиднеј Универзити од Австралија со 34:18 (15:12) и го осигура својот пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Во еден лесен натпревар, Барселона со половина сила го совлада Австралискиот состав. Само на почетокот на натпреварот Сиднеј имаше изненадувачко водство од 4-1. Веќе во 9 минута работите дојдоа на свое место кога со голот на Сораиндо Барселона поведе со 5-4, и доминираше до крајот на натпреварот. Главни играчи на Барселона на овој натпревар беа оние кои добија помала минутажа на претходниот натпревар. Засилувањето од Кил, Жалус, Арињо и Саубич ја носеа Барса до пласман во полуфиналето.
Сиднеј се обиде да се врати во игра кога во 25 минута успеа да го израмни резултатот на 25-25, но Барселона во последните пет минути од првото полувреме го подигна нивото на игра и на полувреме замина со три голови разлика 15:12.

Во второто полувреме стартерите на Барселона добија шанса да настапат едно полувреме што веднаш беше видливо и во резултатот. Веќе на половина од вториот дел каталонците поведоа со 27-17, и останатиот дел од натпреварот го одиграа рутински за конечна победа од 34:18 (15:12) и пласман во полуфиналето на Супер Глоуб.

Лазаров, Саубич и Сугурдсон постигнаа по пет голови кај Барселона, а голманското дуо Шариќ и Гонзало заедно забележаа 16 интервенции.
Во екипата на Сиднеј Универзити најефикасни ракометари беа Руи Тупан со шест и Љоренте со три постигнати голови.