Барса го промовира екс лидерот на Вардар: Циндриќ – шести Хрват што ќе за игра во „Блауграна“

Лука Циндриќ по само една сезона си замина од полскиот шампион Келце и потпиша договор на четири сезони со каталонскиот гигант Барселона. Поранешниот ракометар на Вардар имаше неколку паузи минатата година и не го покажа сиот потенцијал во Полска.

Тој е шестиот Хрват што ја добива честа да го носи дресот на трофејниот шпански клуб. Патрик Чавар беше првиот, потоа следуваа Давор Доминиковиќ и Игор Вори, па голманот Венио Лосерт, како и Марко Копљар.

Подготовките за новата сезона Барса ќе ги започне следната недела, а по ланскиот меѓусебен дуел со Вардар, Циндриќ може уште летово на Супер Глоуб да има нов дуел со поранешниот клуб во кој остави голема трага.