Алингсас со супер финиш го скрши Бешикташ

Екипата од Шведска, Алингсас дојде до победа на последниот дуел на Струшкиот турнир откако денеска го совлада составот на Бешикташ со 29:22.  На тој начин го освои 5. место после одигрување на меч во кој во најголемиот дел беше во предност

Бешикташ одигра добро прво полувреме во кое успеа во поголемиот дел да се спротистави и да биде ривал кој го имаше резултат што гарантираше добар резултат на крајот од дуелот. Сепак, не одеше сè така добро за тимот од Турција.

После надигрувањето во првите 30 минути кои Бешикташ ги доби со 13:12 во второто полувреме работите се сменија. Иако надигрувњето продолжи, тимот од Истанбул не успеа да одигра така добро за да може да се надева и на позитивен епилог.

Швеѓаните тргнаа посилно и успеаја да се изборат за резултат кој даваше можност за победа. Постепено го кршеа отпорот, а главното дојде во последните десет минути. После 21:22 следуваше пеколна завршница за Алингсас која беше добиена со 7:1 за конечни 29:22 и финиш на 5. место.

БЕШИКТАШ – АЛИНГСАС    22:29 (13:12)

Игралиште на „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

БЕШИКТАШ: Танер (5 одб.), Хендави (4 одб.), Каратај, Сарак 1, Прибак 1, Крсмановиќ, Бујубашич, Демирезен 1, Толга 2, Онур 4, Ласица 5, Нуиќ 3, Томиќ 2, Коцарсан, Доне 3

Седмерци: 2/5, Исклучувањања: 10 мин.

АЛИНГСАС: Крафт (5 одб.), Скерлинг (5 одб.), Хеландер 8, Линдберг 3, Клар 7, Терн 1, Бодин, Анреасон, Реген, Нилсон 4, Сандберг, Лундал, Баруд 3, Ланг 1, Остерген, Лијаба 2.

Седмерци: -, Исклучувања: 2 мин.