Австрија со најсилен состав на ЕП: Пајовиќ одбра 18 ракометари – тука се Билик, Божовиќ, Вебер…

Селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ, го објави списокот од 18 ракометари што ќе бидат во конкуренција за настап на Европското првенство.

Нема големи изненадувања, па на списокот се наоѓаат очекувано имињата на Јанко Божовиќ, Роберт, Никола Билик, Томас Бауер…

Од овие 18, по пријателскиот натпревар со Германија на 4 јануари, Пајовиќ ќе ги одбере 16-те ракометари што ќе играат на ЕП.

Македонија ќе игра со Австрија на 14 јануари од 18:15 часот.