Џомба најдобар, но залудно: ЧСМ Букурешт елиминиран од Купот на ЕХФ!

Ракометарите на ЧСМ Букурешт се елиминирани во второто коло од Купот на ЕХФ, откако загубија во реванш мечот од Замет со 27:21. Иако составот на Шундовски имаше предност на полувремето од два гола, 15:13, како и солидна залиха од првиот меч со шест позитива, 29:23, сепак ни тоа не беше доволно за пласман во последното коло пред групната фаза.

Само шест постигнати голови во вториот дел беа премалку за составот на Шундовски и Гоце Георгиевски да се надева на позитивен исход од овој меч, а Замет оди во следната фаза само поради гол повеќе на гостински терен. Десното крило залудно беше најдобар стрелец во неговиот тим со 5 голови.

Фото: facebook.com/CSMBOfficial