Џексон Ричардсон помошник тренер на Шамбери

Француската и светската ракометна легенда, Џексон Ричардсон во наредната сезона ќе биде помошник тренер во екипата на Шамбери. По завршувањето на оваа сезона генералниот менаџер на клубот Лорен Муние започна да ги прави првите промени во клубот. По сугестијата на тренерот на Шамбери, Марио Кавали, клубот ја објави веста дека наредната сезона негов асистент на клупата ќе биде Џексон Ричардсон.Ричардсон веста ја објави на својот фејсбук профил:

По 6 години поминати на мојот кауч се враќам во ракометот како асистент на клупата на Шамбери. Задоволство е да се биде повторно на теренот!

Поставувањето на Ричардсон како помошник тренер во Шамбери ќе и даде посебен шмек на француската лига, бидејќи враќањето на легендата без разлика на која позиција, секогаш предизвикува големо медиумско внимание.