Џамбо се „отвори“: Сите одбрани на Даниловски против „мечките“ (ВИДЕО)

Голманот Никола Даниловски без сомнение беше најдобриот играч на средбата против Чеховски Медведи и еден од најзаслужните за првата победа на Металург во Лигата на шампионите.

Даниловски подолго време не добиваше шанса меѓу стативите во тимот од Автокоманда, но против руските „мечки“ се чини ја одигра животната партија.

Тој собра 13 одбрани, а сите можете да ги погледнете во видео прилогот…