Џабе 13 голови на Аларов, Партизан загуби од Куманово

Ракометарите на Куманово по поразот на стартот во новата сезона од Преспа, ја забележаа првата победа во Првата лига, откако го совладаа солидниот состав на Партизан Гевгелија со 31:28. Во првото полувреме гостите го диктираа темпото и водеа и со 4 голови разлика, но на пауза заминаа само со гол предност, 13:14.

Во второто полувреме домашните направија серија од 5-1 за 18:15 и не го испуштија водството до конечните 31:28. Партизан се доближи еднаш на минус 1, но не успеа комплетно да се врати во мечот. Џабе беа и 13 постигнати голови на Михаил Аларов и оние 6 на другиот младински репрезентативец Иван Џонов. Во победничкиот тим се истакна Даниел Несторовски со 10 голови.

Фото: kumanovskimuabeti.mk