Џабе им беа сите жалби, Грција ќе плати за скандалот што го направи во Македонија

Арбитражниот суд на ЕХФ денеска ја потврди одлуката за казната за Грчката ракометна федерација, по скандалозниот чин на нашиот јужен сосед за време на европскиот кадетски шапионат во женска конкуренција кој се одржа во август во Скопје. Европската ракометна федерација ја казни Грција со парична глоба од 25.000 евра и ја исфрли од шампионатот. Од тој момент на адреса на ЕХФ започнаа жалбите, поплаките и протестите од страна на јужниот сосед.

Единствено што им успеа на Грците е тоа што казната е намалена на половина, а другиот дел ќе мораат да го платат, доколку го повторат истиот чин во следните пет години. Младите репрезентативки на Грција го започнаа дуелот против Македонија, но по само 32 по налог на стручниот штаб  го напуштија теренот, поради тоа што на маиците на нашиот стручен штабн стоеше името „Македонија“. Следните неколку дена тие беа пречекани како хероини во својата татковина и од претседателот им беше порачано дека така треба да се брани својата држава.