Џабе е домашниот терен: Прилеп веќе е елиминиран од Купот на ЕХФ

Ракометарите на Прилеп се високо поразени со 42:19 од швајцарскиот тим Фади Винтерутр во рамките на првиот меч од воведното квалификациско коло во Купот на ЕХФ. Како и што се претпоставуваше, Винтертур е премногу силен противник за македонскиот тим, дури и кога двата дуели се играат во Македонија.

Швајцарците си го фатија редот уште од стартот на мечот, кога поведоа со 2:0, па 3:1, а беше и 7:2. Во финишот на полувремето се чини беше комплетно скршен отпорот на прилепчани, кога Винтертур поведе со 20:10. На стартот пак на вториот дел, убава серија од 6:1, за 26:11 , па уште една слична, за 31:15. До крајот се беше формалност, за конечни 42:19.

Прилеп на овој меч настапи без плејмејкерот Јован Талевски, кој замина за Турција, како и без грузиското засилување Теимураз Орјоникдѕе. Реваншот, што практично е биде без значење ќе биде утре во Прилеп, со почеток од 19 часот.