Ќе се игра ракомет во новиот кошаркарски дом „Кале“

Иако беше најавено дека ракометната тврдина „Кале“ во иднина ќе биде домаќин само на кошаркарски натпревари, сепак нема да биде така.

Салата која ја доби Кошаркарската Федерација на Македонија во трајно користење и која треба да биде домаќин на сите репрезентативни селекции во кошарка, сепак ги отвора вратите и за други спортови.

Во новата сезона, тимот на Работнички, новајлијата во Суперлигата, ќе ги игра своите натпревари во „Кале“, како што беше и минатата сезона.

Избраниците на Велимир Мицевски веќе играат и пријателски натпревари и победија против составите на КЛ7 и Аеродром.