Ќе проработи вулканот во „Јане Сандански“: Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Порто

По стартната победа во Лигата на шампионите против францускиот Монпелје, европскиот шампион Вардар го чека премиерата на домашен терен и дуелот со португалскиот првак Порто во СЦ „Јане Сандански“ претстојниот викенд.

Веќе се пуштени во продажба преостанатите билети за оваа средба, што ќе се одигра на 22 септември со почеток во 17:00 часот. Нема сомнеж дека салата ќе биде исполнета до последното место.

Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ и онлајн преку www.ticketplus.mk

Цената на билетите за натпреварот со Порто се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари

Покрај за средбата со Порто, пуштени се билети во продажба и за натпреварот против Нексе од регионалната СЕХА лига. Мечот е закажан за 24 септември во 20:45 часот. Цената на билетот за овој натпревар е 50 денари.