Ќе одиграат три меча за 66 часа!

Ракометарите на Еурофарм Работник првпат оваа сезона ќе се претстават пред битолската публика. Во четири дена, односно за 66 часа, суперлигашот предводен од тренерот Андон Бошковски ќе одигра три контролни натпревари.

Веќе в среда од 17 часот битолчани ќе се соочат со регионалниот ривал Прилеп. В петок и в сабота гостин на битолскиот клуб ќе биде српскиот клуб Железничар од Ниш. Екипата е предводена од поранешниот селектор на Македонија и тренер на повеќе наши екипи, Јошко Петковиќ.

Дуелот в петок ќе започне од 18 часот, додека в сабота ќе се игра во претпладневен термин од 11 часот. Веројатно битолчани ќе закажат уште некој пријателски натпревари, со оглед на тоа дека најверојатно ќе бидат слободни во првото коло од Суперлигата, поради откажувањето на Младост.