Ќе играме за бегство од дното: Младинките загубија и од Португалија

Женската младинска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Португалија во натпревар од разигрувањето за пласман од 13 до 16 место со убедливи 35:22. Ова е уште еден во низата порази, кои ги испратија младинките утре да се борат да не бидат на последното место на ЕП во Словенија.

Во првиот дел, Португалките си направија солидна предност од 5 голови, 17:12, која во вториот дел не само што ја одржаа, туку и ја зголемија уште повеќе за конечни 13 разлика, односно 35:22. Противник на избраничките на Борче Марковски за избегнување на „фенерот“ ќе им биде Србија, а дуелот се игра утре со почеток во 12:00 часот.