Ќе доцни прославата во Скопје: Вардарци сè уште на аеродром во Келн

Новиот европски првак Вардар за половина час се очекува да полета кон Скопје. Прославата која ги чека Вардарци е закажана за 18:50, но авионот сè уште е на аеродромот во Келн и чека дозвола за лет. Во меѓувреме позитивната атмосфера меѓу ракометарите и нивните семејства се пренесе на аеродромот каде се користи секој момент за фотографија со легендарниот трофеј и спомен од третиот финален викенд на Лигата на шампионите, втор крунисан со шампионски пехар.

Атмосферата во Скопје полека се загрева. Караванот тргна кон аеродромот во Скопје, а дел од навивачите на македонскиот ракометен бренд се упатуваат кон центарот на градот и плоштадот каде ќе се одржи централната прослава на новите европски шампиони.