Јуниор КВ ја победи Македонија ЃП и си го продолжи сонот за влез во Суперлигата

Екипата на Јуниор Кисела Вода во завршните моменти од сезоната во плеј-офот при Првата лига забележа значајна победа. На свој терен тимот предводен од Благојче Весиќ ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 29:25 и што остана во игра за влез во Суперлигата.

Ѓорчевци беа поприлично мотивирани и добро се носеа во првиот дел. Никако не попуштаа на притисокот на противникот и цело време беа егал, па дури и на моменти подобар состав. Таквата нивна игра резултираше со реми на полувреме од 15:15. Вториот дел беше клучен за победата на Јуниор.

Во него подобро влезе Македонија Ѓорче Петров, но тимот од Кисела Вода брзо се врати и набрзо започна да го носи приматот на посилен противник. Се стекна со два гола позитива која никако не ја испушташе, а при крајот имаше и предност од највисоки плус пет.

Сонот за кој сонуваат Јуниор Кисела Вода и понатаму продолжува. Овој тим е сега второпласиран и е на бод помалку од Работнички кој го дочекува дуел со третопласираниот Металург 2. Сите три тима до крајот на лигата се во трка за влез во најелитното македонско ракометно натпреварување.