Кадетките и во втората контрола подобри од Тунис

Македонската женска кадетска репрезентација и во вториот контролен натпревар пред Светското првенство, беше поуспешна од репрезентацијата на Тунис со 24-17 (10-10).

Како што може да се забележи од резултатот нашите кадетки во вториот дел успеаа да го скршат отпорот на туниската репрезентација, пред се благодарение на голманското дуо кое прими само седум голови во вториот дел. Голманките имаа 17 успешни интервенции, додека пак во нападот се истакнаа капитенот Сара Ристовска, Стојановска и Керамитичиева.

Нашата репрезентација Светското првенство го започнува во недела против репрезентацијата на Германија.