Јуниорите поразени и од Израел, за последно 16 место во Австрија

Македонската машка јуниорска репрезентација го забележа и шестиот пораз на Европското првенство во Австрија овојпат од селкцијата на Израел со 33-27 и се пласираше на последното 16 место.

Исто како и на поголемиот дел од натпреварите на ова првенство, нашата репрезентација играше изедначен натпревар во поголемиот дел од првото полувреме, за во последните 5 минути да дозволат серија од 6-0 на Израелците за конечки 18-10 по првите 30 минути.

Во вториот дел Израелците само го зголемија своето водство на 10 голови разлика 24-14 по што натпреварот веќе беше решен. Се што успеаа да направат нашите репрезентативци е само да го намалат резултатот, за конечни 33-27.

Македонија ова првенство го завршува на последното 16 место, со шест порази и една победа против репрезентацијата на Швајцарија.