Јуниорите имаат нов предводник: Влатко Неделковски е новиот селектор на јуниорската репрезентација

Тренерот на Работнички, Влатко Неделковски е новиот селектор на македонската јуниорска репрезентација. Неделковски доаѓа на местото на Зоран Петковски под чие водство јуниорите настапија на ЕП во Австрија. Прв предизвик за Неделковски ќе бидат квалификациите за СП во Бразил каде за противници ќе ги има репрезентациите на Полска, Франција и Чешка, а победникот од групата ќе обезбеди пласман на СП во Бразил. Квалификациите ќе се одиграат од 8 до 11 јануари во Островјец ( Полска).