Јуниорите загубија од Франција но пружија достоен отпор

Македонската машка јуниорска репрезентација загуби и во вториот натпревар на Европското првенство во Австрија.Избраниците на Зоран Петковски овојпат беа поразени од Франција со 25-22 ( 13-8), но за разлика од натпреварот против Шпанија пружија достоен отпот на “триколорите”.

Нашите јуниори повторно во грч го започнаа и овој натпревар, но за разлика од натпреварот против Шпанија делуваа многу посигурно во одбраната, а и голманот Ивановски беше многу посигурен на голот. До 15 минута од натпреварот се играше изедначено кога нашата репрезентација со голот на Бојан Маџовски успеа да израмни на 4-4. Потоа следува “црн период” на македонските јуниори во кој цели 6 минути немавме постигнато гол ( 15-21 минута), во кој Французите успеаа да направат серија од 4-0 за нивно водство од 8-4 во 21 минута. Талески најпрво со две бомби од 9 метри успеа да намали на 8-6, а потоа и Манасков со својот втор гол на 9-7 во 24 минута. Но Французите успеаа да напраат нова серија од 4-0 и во 29 минута го забележаа највисокото водство од +6 на овој натпревар ( 13-7). Нашите јуниори до крајот постигнаа уште еден гол за конечни 13-8 во корист на Франција на крајот на првото полувреме.

Во второто полувреме репрезентацијата на Франција успеа да го одржи водството од првиот дел, најчесто водејки со 4 до 6 голови разлика. Нашите јуниори се обидуваа да се вратат во игра, кога во неколку наврати имаа шанса да намалат и на -3 но расположениот чувар на мрежата на француската репрзентација не дозволи такво нешто. Сепак во последната минута од натпреварот преку расположениот Мартин Манасков успеавме да намалиме на -3 за конечни и подносливи 25-22 во корист на Франција.

Повторно најрасположени за игра кај нашите јуниори беа двоецот Манасков-Талески, а солиден на голот беше и Филип Ивановски.