Јунаците на мака се познаваат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот вицепрвак оваа недела ја започна со многу проблеми. На листата повредени играчи се најде и еден од најдобрите поединци Немања Младеновиќ, а тоа значително ги помати пресметките на искусниот стратег Лино Червар.

Затоа уште на прес-конференцијата пред натпреварот со еден од фаворитите во групната фаза на ЛШ, составот на Ла Риоха, играчите преку Обрадовиќ порачаа дека ќе дадат сè од себе да го надоместат отсуството на Марчец и Младеновиќ. Токму таков беше дуелот против шпанскиот вицепрвак, кој повторно го стави на ракометната мапа во Лигата на шампионите „отпишаниот“ Металург. Голема победа, за херојски подвиг на младите металурзи која без разлика на гостинските „надворешни сили“, влева надеж дека ракометот во Автокоманда повторно станува топ тема.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”pic_id” special_effect=”none” animation_effect=”fadeIn” album_title=”false” album_id=”84″]