Јулија Манагарова ја ,,менува” Украина за Русија

Репрезентативката на Украина, Јулија Манагарова, која игра во одлична форма во рускиот клуб Ростов Дон во наредниот период би требала да добие руски пасош со што ќе може да настапува за Русија.

Претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев, истакна:

„Јулија Манагарова одлучи да добие руско  државјанство на сопствена иницијатива. Сега следува процесот на регистрација. Сè се одвива според утврдениот редослед, во согласност со закон, со учество на руската влада.“

Манагарова е носител на Украинската репрезентација, а со нејзиното доаѓање во ракометната репрезентација на Русија ќе се зголеми конкуренцијата на позиција десен бек, позиција каде играат Черноиваненко, Аткова и Вјахирева.