Јужна Кореја го освои Светското јуниорско првенство во Хрватска

Репрезентативките на Јужна Кореја се нови светски шампионки во јуниорска конкуренција.Тие во големото финале кое се одигра во Копривница, убедливо ја совладаа репрезентацијата на Русија и го освоија Светското јуниорско првенство во Хрватска-2014 година.

Русинките дадоа отпор само во првите неколку минути од натпреварот, во останатиот дел се беше формалност . Јужна Кореја триумфираше со резултат 34:27 ( 16-10), и се закити со златен медал.

Во борба за третото место, селекцијата на Данска ја совлада Германија со резултат 21:20 ( 11:14)

Конечен пласман

1. Јужна Кореја

2. Русија

3. Данска

4. Германија

5. Франција

6. Романија

7. Унгарија

8. Холандија

9. Норвешка

10. Хрватска

11. Чешка

12. Србија

13. Шведска

14. Словенија

15. Бразил

16. Португалија

17. Јапонија

18. Уругвај

19. Аргентина

20. Кина

21. Ангола

22. Тунис

23. Казахстан

24. ДР Конго