Јубилеен трофеј за Кире Лазаров (ВИДЕО)

Очекувано ракометарите на Барселона дојдоа до својата 20-та титула во Купот на Кралот, откако овој викенд на Ф4 турнирот во Памплона ги совладаа Адемар Леон и Хелветија Анаитасума.

По вчерашниот триумф против Адемар Леон во полуфиналето, Барселона во финалето имаше лесна задача против Хелветија Анаитасума и го освоија својот четврти трофеј оваа сезона со резултат 30-33 (14-16).

Оваа титула за Барселона беше јубилејна и за капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, кој ја заокружи бројката од 50 титули во професионалната кариера.

Најинтересните моменти од славјето на Барселона можете да ги погледнете во продолжение.