Јоноски: Свесни сме што значи овој натпревар!

Македонија утре ќе го отвори петтиот натпреварувачки дел од главната фаза во натпревар против Норвешка од 18:15 минути. Арената Краков ќе биде домаќин на уште еден дуел во кој Македонија ќе се обиде да ги запре забревтаните Норвежани. По одличната победа против домаќинот Полска, скандинавците се само два бода од полуфиналето на Европското првенство. Еден од стандардните ракометари кога е во прашање македонската одбрана, Ацо Јоновски за утрешниот дуел против Норвешка вели:

Норвешка направи изненадување, тоа што ние не го сторивме тие ни покажаа како треба и ја победија Полска. Имаат една добра репрезентација со добар стручен штаб и играчи. Треба да одиграме подобро во одбрана, видовме дека Полјаците имаа проблеми во одбраната со цела бековска линија на Норвешка. Треба да го анализираме тој натпревар и да извлечеме начин како против Норвешка.

Свесни сме што значи овој натпревар, треба да се одигра максимално концентрирано, со добар пристап за да можеме да дојдеме до поволен резултат. Вчера тие одиграа тежок меч пред 15000 публика, не е едноставно и ние го почустувваме тоа на мечот против Полска. Имавме четири дена пауза и мислам дека сме доволно одморени