Јоновски подобар од Миркуловски во македонското дерби во Бундеслигата

Македонското дерби во ракометната Буднеслига му припадна на Ацо Јоновски кој со својот Бергишер беше подобар од тимот на Вецлар каде настапува Филип Миркуловски. Составот на Јоновски во натпревар во кој имаше комплетна доминација на теренот славеше со убедливи 27-21(12-9).
Гостите имаа водство само во почетните минути од натпреварот (3-4) во 7.минута, а од тој момент тимот на Бергишер ја контролираше играта и постојано го зголемуваше водството кое во 20.минута изнесуваше највисоки +4 (10-6) во првиот дел.
Во второто полувреме домаќините продолжија со одлична игра, постојано зголемувајки ја својата предност која по погодокот на Гунарсон во 45.минута стигна до највисока разлика 22-13. До крајот Вецлар успеа да намали само дел од високото водство на Бергишер за конечни 27-21.

Најпрецизен на натпреварот беше ракометарот на Бергишер, Тор кој девет пати се запиша во листата на стрелците. Филип Миркуловски два пати успеа да ја затресе противничката мрежа.

Бергишер веќе успеа да го обезбеди опстанокот во најсилната ракометна лига на светот, а тимот на Миркуловски по овој пораз остана на шесттата позиција на табелата.