Јовчевски ќe го менува Левов во Радовиш

Откако стана јасно дека составот на Радовиш останува без десниот бек/крило Милан Левов, поради суспензијата до крајот на сезоната, раководните луѓе се „пуштија“ во потрага на нов ракометар. Изборот падна на Влатко Јовчевски, кој долги години го носеше дресот на МРК Вардар, Вардар и Вардар Јуниор.

Јовчевски има 30 години и беше повремен репрезенттивец на Македонија. Во своето резиме има запишано настапи за Вардар против клубови од типот на Барселона, Кил, Адемар Леон, Колдинг, па со неговото искуство би можел да биде од голема помош во борбата на Радовиш за пласман во плеј-офот.