Јовиќ: Не треба да се штедиме на ниеден натпревар

По успешно завршената турнеја низ Украина и Русија, каде беа освоени три бодови во пресметките со Мотор Запорожје и Чеховски Медведи, ракометарите на Металург се враќаат на обврските во СЕХА Лигата. Противник е словенечкиот вицепрвак Горење Велење, а натпреварот ќе се игра в среда, пред да следува репрезентативната пауза. Александар Јовиќ кој ја води екипата во отсуство на Лино Червар, очекува добро издание од младите ракометари.

„Натпреварот со Горење е последен натпревар пред ЕХФ Неделата и еден вид тест за нашите поставени цели. Нашата примарна цел е да играме подобро и поборбено во одбрана од натпревар во натпревар, да си помагаме еден на друг, да не го штедиме своето тело само така можеме да ја придобиеме и публиката, која знае да процени дали екипата игра борбено. Во напад да играме до конретна шанса за удар, а со тоа се почитуваме самите себе, клубот и публиката. Резултатот ни е во втор план.“ – изјави Јовиќ.

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски, ќе го пропушти и овој натпревар поради повреда.

„Кузмановски ќе го пропушти и овој натпревар, бидејќи има повреда и нема потреба да се ризикува.“ – вели Јовиќ.

Натпреварот меѓу Металург и Горење се игра в среда со почеток во 18:45 часот.