Јованоска ја зголемува предноста

Ракометарката која пред пред неколку кола го презеде врвот на Листата на стрелците во Женската лига, Бојана Јованоска продолжува да доминира и веќе има 61 погодок со кој е убедливо на врвот. Таа нема конкуренција и останува лидер на стрелците и после 7. коло и тоа со убава предност од седум гола.

Зад Јованоска се наоѓат неколку ракометарки кои на почетокот на сезоната беа и лидерки, но сега заостануваат. Секако останува простор за надоместување, но ќе биде тешко бидејќи формата на Јованоска е убедливо најдобра и таа чекори кон зацврстување на првото место.

ЖЕНСКА ЛИГА (7. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ – ТОП 10

61 – Бојана Јованоска (Стружанка)

54 – Мила Трајковиќ (Куманово)

54 – Марија Николовска (Спартак)

48 – Марија Гајиќ (Металург)

47 – Драгица Митрова (Гевгелија)

46 – Симона Василева (Цемс)

43 – Наталија Манева (Овче Поле)

42 – Мери Конеска (Деспина)

40 – Марија Анчева (Гевгелија)

38 – Ангела Јанкуловска (Пелистер)