Јованоска продолжува да ги „торпедира“ противничките голови

И после 9. коло во Женската лига ситуацијата на Листата на стрелците е сосема извесна и јасна. Бојана Јованоска од Стружанка нема конкуренција и има просек од точно девет гола по натпревар со што и понатаму продолжува да ги предводи стрелците во лигата.

Таа има голема предност од 15 гола пред Николовска од Спартак и по 20 гола повеќе од Анчева и Трајковиќ, па може мирно да продолжи во сезоната и да го одржува првото место. Според нејзиниот стил на игра лесно може да се случи веќе во следните две кола да ја надмине и границата од 100 гола.

ЖЕНСКА ЛИГА (9. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

81 – Бојана Јованоска (Стружанка)

66 – Марија Николовска (Спартак)

61 – Марија Анчева (Гевгелија)

61 – Мила Трајковиќ (Куманово)

60 – Мери Конеска (Деспина)

53 – Драгица Митрова (Гевгелија)

52 – Симона Василева (Цемс)

51 – Марија Гајиќ (Металург)

50 – Александра Боризовска (Куманово)

47 – Наталија Манева (Овче Поле)