Јованка Радичевиќ за 24Ракомет: Не може секогаш да се победува, но нема лесно да се откажеме

Репрезентативката на Црна Гора, Јованка Радичевиќ за 24Ракомет говори за играта на Црна Гора која ја покажа против Шпанија и за натпреварот против Шведска.

Сигурно е дека ја извлековме последната сила. На натпреварот против Шпанија дадовме се од себе, но не може секогаш да се победува. Жал ми е за првото полувреме што не го одигравме како второто. Но што е тука е, јас сум горда што сум дел од овој тим и што секогаш даваме се од себе. За да се победи треба добро да се игра и во двете полувремиња, не само во едното.

Жал ми е,  не можам да кажам дека не ми е жал што изгубивме, затоа што и селекцијата на Шпанија не играше ништо посебно. Изгубивме поради нашите грешки. 

Колку и да сме уморни утре против селекцијата на Шведска ќе дадеме се од себе , нема лесно да се откажеме иако ја немаме истата свежина и сила како на претходните натпревари.

За коментарите дека Црна Гора игра грубо, Радичевиќ одговори:

Каде и да играш треба да се прилагодиш, секако дека играме агресивна одбрана, но и другите репрезентации играат агресивно. Сите зборуваат за нашата одбрана и дека играме неспортски. А што другите праваат? Па и тие прават исти фаули. Само што кај нас сите прават фаули, затоа што сме компактни и сите играчи на терен го даваме својот максиум.

Ние се бориме од прва до последна минута и главен проблем на другите екипи е што немаат енергија како ние. Ние може да играме малку погрубо од другите, но немаме никаква намера да повредиме никого”.