Јованка Радичевиќ за 24ракомет: Лошото прво полувреме го одлучи патникот во финалето

Најпрецизната ракометарка на Црна Гора со 6 погодоци, “вардарката” Јованка Радичевиќ веднаш по натпреварот со Шпанија за 24ракомет ја даде следнава изјава:

Па добро, мислам дека клучен за овој натпревар беше нашиот лош почеток. Покажавме во вториот дел дека можеме да играме многу поквалитетна одбрана. Наш главен проблем е ако не го започнеме со добра одбрана тоа ни создава дополнителен проблем во нападот каде шутираме од неизградени позиции. Навистина сум горда бидејки го дадовме и последниот атом од силите, ако ви кажам дека сега едвај дишам тоа само ги потврдува моите зборови. Се боревме до самиот крај, но тоа е спортот. Во недела за нас следува уште едно финале. Можеби и немавме доволен број на играчи, бевме и малку уморни, но не би сакала сега да барам алиби. Мислам дека сепак главниот проблем беше во првото полувреме кога не одигравме одбрана како што се договоривме, а со само едно квалитетно полувреме не може да се победи во полуфинале.