Јована Рисовиќ го продолжи договорот со Раднички

Репрезентативката на Србија, Јована Рисовиќ го продолжи договорот со Раднички од Крагуевац и заедно со останатите ракометарки од клубот по втор пат ќе се обидат да станат дел од Лигата на шампионките. Ланската сезона екипата на Раднички не успеа да се пласира во елитното натпреварување откако во финалето на квалификацискиот турнир беше поразен од Подравка.

Договорот со Раднички го продолжи и Ивана Пријовиќ, а во клубот пристигнаа и неколку млади и надежни ракометарки, Сања Симиќ, Вања Лукиќ, Тијана Цосиќ и Марија Тодоровиќ.

Раднички во квалификациите за Лигата на шампионките во првото полуфинале од групата 1 за противник го доби поранешниот европски првак Ѓер од Унгарија.

HANDBALL RADNICKI

 

Фото: RSS