Јиха го нападна Генсхајмер преку социјалните мрежи: Четвртфиналниот дуел доби свое продолжение!

Четвртфиналниот дуел на најквалитетните екипи во Будеслигата, Рајн Некар Ловен и Кил, доби свое продолжение. За тоа се погрижи левиот бек на „зебрите“ Филип Јиха кој на својот профил на социјалната мрежа „фејсбук“ го нападна својот колега од противничката екипа Уве Генсхајмер, за неспортскиот потег во 15-та минута. Освен видеото во прилог на својата изјава тој напиша:

Почитуван Уве Генсхајмер,

Вчерашниот четвртфинален дуел беше интензивен. Ракомет кој се играше со многу контакти. Натпревар кој ги возбуди ракометните фанови. Но по натпреварот има победници и поразени. Им честитам на Рајн Некар Ловен за влезот во Фајнл Фор турнирот од ДХБ Купот кој ќе се одржи во Хамбург.
Го прифаќам поразот, но ќе застанам зад моите соиграчи и стојам позади тезата дека овој спорт треба да се темели на промовирање почит и праведност.
Многу работи се случуваат во ракометната игра, емоции, случајни удари во лицето на противникот, некои ракометари заработуваат повреди, се случува поради страста со која пристапуваме во жарот на борбата. Понекогаш тоа е фрустрирачки, но сепак почит и праведност спрема противникот мора да бидат на врвот. Посебно за оние кои ги нарекуваме „идоли“ во нашиот спорт.

Почитуван Уве Генсхајмер, затоа несмееш! Не смееш да си дозволиш, да го го направиш тоа што го направи на овој натпревар кога си во позиција на нечиј идол. Пред се поради почит кон нашиот спорт, но истотака бидејќи ја носиш капитенската лента на твојот клуб и националната репрезентација, исто како мене.

Ти си победник на овој натпревар, ние загубивме. Но во моите очи ти изгуби многу повеќе.

Со почит,
Филип Јиха


Во прилог е официјалното обраќање на капитенот на „зебрите“: