Јелена Ериќ: Вардар и Будуќност фаворити за ЛШ

Поранешната репрезентативка на Србија, Јелена Ериќ во интервју за “Stregspille” истакнува дека според неа на овогодинешното издание во Лига на шампионите во женска конкуренција неприкосновени екипи ќе бидат ЖРК Вардар и ЖРК Будуќност. Тоа поткрепено со фактот дека Ѓер остана без најдобриот централен бек, а од поодамна и без првокласниот голман Харалсен (породилно отсуство) е причина повеќе со нетрпение да го очекуваме Фајнл Фор турнирот.

Будуќност и Вардар се моите омилени фаворити. И двете екипи имаат добри играчи и во нападот и во одбраната. Само некои мали детали и грешки ќе го утврдат победникот.