Јелена Грубишиќ пред трансфер во ЦСМ Букурешт

Репрезентативката на Хрватска, Јелена Грубишиќ според пишувањата на романските медиуми се наоѓа на добар пат да стане дел од скапиот тим на ЦСМ Букурешт кој следната сезона ќе игра во Лигата на Шампионките. Грубишиќ оваа сезона настапуваше за Ѓер од Унгарија но поради повреда не можеше многу да им помогне на своите соиграчки. Доколку се реализира трансферот Грубишиќ минутажата во клубот ќе ја дели со искусната голманка од Бразил, Мајса Песоа.

Според шпекулациите двете голманки на репрезентацијата на Франција, Лаура Глаузер и Клеопатра Дарле биле во преговори со ЦСМ Букурешт, но на крајот не се постигнал договор.

ЦСМ Букурешт за следната сезона ги ангажираше двете ракометарки од Виборг, Изабел Гулден и Мариа Фискер како и Лине Јоргенсен од Митјиланд.

Фото: Tamás Csonka