Јелена Грубишиќ е МВП, а Изабел Гулден најдобар стрелец на ЛШ!

По завршувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на ЦСМ Букурешт и Ѓер беа прогласени најдобрите. Покрај европската титула две од ракометарките на ЦСМ Букурешт се закитија и со индивидуални награди.
Хрватската голманка на голот на романскиот состав беше прогласена за МВП на турнирот, откако во полуфиналето против Вардар нанижа 19, а во денешното финале броеше до 16 успешни интервенции.

За најдобар стрелец на овогодинешното издание на Лигата на шампионките сезона 2015/2016 со вкупно 108 гола, е прогласена Изабел Гулден. Фантастичната швеѓанка на најдобар можен начин ја потврди оваа награда откако на денешниот финален натпревар успеа да реализира неверојатни 15 погодоци.