Јелена Грубишиќ во Ѓер Ауди ЕТО

Искусната репрезентативка на Хрватска и довчерашна членка на РК Крим Меркатор, Јелена Грубишиќ во наредната сезона ќе го брани голот на европскиот и унгарскиот шампион, Ѓер. Грубишиќ во Ѓер доаѓа како замена за Лунде Харалдсен, која ќе ја пропушти целата сезона заради бременост.

Грубишиќ во РК Крим Меркатор настапуваше пет сезони. Покрај настапите за Крим, ги бранеше боите и на Локомотива Загреб од 2002 до 2007 година. Покрај Грубишиќ , на голот на Ѓер ќе биде и унгарската репрезентативка, Орсолија Хер.

Трансферот беше потврден и од нејзиниот ракометен клуб, Крим. Словенечкиот шампион остана без голманки, откако Толнаи Талида прва го напушти клубот од Љубљана. Во наредните денови се очекува Крим и официјално да ги претстави своите нови ракометарки на голманската позиција.

jelena 5