„Ја оставивме душата на терен, но ниту тоа не беше доволно за Вардар“

ПИК Сегед славеше над Вардар, но таа разлика од четири голови не беше доволна за домашните да обезбедат место на завршниот турнир во Келн.

Словенецот Деан Бомбач беше незапирлив за во првото полувреме, но во вториот дел и тој не успеа да го спречи камбекот на Вардар.

„Не е лесно да се игра на високо ниво во текот на сите 60 минути. Првото полувреме беше најдоброто што го одигравме оваа сезона, но сепак не успеавме да издржиме до крајот. Дадовме се од себе, ја оставивме душата на терен, но ниту тоа не беше доволно за да се елиминира ривал како Вардар. Разочарни сме, но мораме да останеме со кренати глави“, изјави Бомбач.

За ПИК Сегед сега останува да се бори за титулата во унгарскиот шампионат со Веспрем.