Јања Војводиќ дел од идеалниот тим на СЕХА за ноември (ВИДЕО)

Во месец ноември во СЕХА лигата се одиграа две кола и десет натпревари, а медиа тимот на регионалното натпреварување го објави најдобриот состав за овој месец. Таму имаше само еден ракометар од македонските претставници, а станува збор за средниот бек на Вардар, Јања Војводиќ.

На двете средби, кои „црвено-црните“ ги добија убедливо против Извиѓач и Нексе Нашице, стратегот Роберто Парондо им даде шанса на ракометарите од клупата со помала минутажа, па Војводиќ ја искористи максимално шансата што ја доби.

Во идеалниот тим доминира Татран Прешов со двајца ракометари, Бруно Буторац како десен бек и Томас Чип како десно крило, како и Славко Голжуа како тренер на месецот.

Идеален тим на СЕХА за ноември:

голман – Тудор Станеску (Стеауа)

лево крило – Ведран Делиќ (Извиѓач)

лев бек – Халил Јагањац (Нексе)

среден бек – Јања Војводиќ (Вардар)

десен бек – Бруно Буторац (Татран Прешов)

десно крило – Томас Чип (Татран Прешов)

пивот – Мартин Јохансон (Стеауа)

тренер – Славко Голужа (Татран Прешов)