Јан Питлик не е повеќе селектор на данската репрезентација

После лошиот резултат кој го постигна данската репрезентација на Европското ракометно првенство во Унгарија и Хрватска, Данската ракометна федерација излезе со соопштение дека ја прекинува соработката со селекторот Јан Питлик.

Во 1998 година Питлик го презеде кормилото од Улрик Вилбек и го предводеше тимот до две олимписки злата во 2000 и 2004 година. Питлик по втор пат ја презеде функцијата тренер во 2007 година, но оттогаш успеа да освои само еден бронзен медал од Светското првенство.

Иако данскиот стратег долги години ја предводеше селекцијата на Данска и има бројни успеси позади него, 8мото место на првенството е главна причина за неговото заминување од кормилото. Кој ќе биде негов наследник сеуште не е познато.


Foto: Erik Laursen