Јанц до декември ќе знае каде ќе ја продолжи кариерата

Десното крило на репрезентацијата на Словенија и Келце, Блаж Јанц изјави дека сè уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата. Неговиот договор со Келце важи до 2020 година.

„Со претседателот на Келце, Сервас решивме да ја донесам одлуката до декември. До зимата се ќе биде јасно. За време на одморот не сакав да размислувам за ракомет. Поминав многу убаво време со семејството и пријателите. Одлично се одморив“, рече словенечкиот ракометар.

Келце му понуди продолжување на договорот на Јанц, но тој исто така има понуди и од Барселона и Кил. Во кој клуб и да одлучи да замине сигурно тоа ќе биде уште еден чекор напред во кариерата.