Јане Цветковски ќе го брани голот на Хелсинборг

Македонскиот голман Јане Цветковски, кој лани имаше одлични партии на голот на Босна, сезонава ќе игра во Шведска, во тимот на Хелсинборг. Иако имаше понуди од словенечката Рибница, шпанскиот тим Го Фит Сантандер и уште еден шведски клуб, сепак се реши за Хелсинборг.

Договорот е потпишан на две сезони и Цветковски треба да биде еден од играчите кој ќе му помогне на тимот да се пласира во Елитсериен, најквалитетна лига во Шведска. Тој е поранешен голман на Тинекс Пролет и АГРО Тополчани од Словачка.