“Јане Сандански” грмеше: Прибак мајсторе! Не те даваме! (ВИДЕО)

Вечерва во арената “Јане Сандански”, Вардар ја совлада Војводина во рамките на осумнаесетото коло на Сеха Лигата и се зацрврсти на втората позиција на табелата. Но сето тоа беше ставено во втор план, бидејќи оваа вечер му припадна на Немања Прибак. Човекот кој го оставаше срцето на терен за Вардар и пред ерата на Самсоненко, човекот кој влезе во срцата на сите вистински подржувачи на “црвено-црната”боја. И покрај најавите за неговото заминување од редовите на Вардар “Комитите” и сите симпатизери на овој клуб јавно се изјаснија дека и во иднина го сакаат Немања Привбак во дресот на својот омилен клуб, и дека не забораат кои се ракометарите кои со сето срце гинат за Вардар.