Јанеска продолжува во Турција

Македонската интернационалка Моника Јанеска ќе ја продолжи својата кариера во турскиот шампионат, во дресот на Мудања Беледијеси. Таа по една година пауза се враќа во Турција, каде што претходно играше за Анкара и на Трабзон.

Јанеска, покрај настапите за турските екипи, играше и за вториот тим на Ѓер во Унгарија, Мошонмаѓаровар, а пред да замине во странство играше за екипите на Еуростандард, Гевгелија, Вардар. Кариерата ја започна во гостиварски Универс.