Јанеска и Мошонмаѓаровар втори на турнирот во Бекешчаба

Македонската интернационалка Моника Јанеска, со нејзиниот нов тим Мошонмаѓаровар, на турнирот во Бекешчаба, го освоија второто место во конкуренција на екипите на Ерд, домаќинот Бекешчаба и романскиот Залау.

Мошонмаѓаровар ја победи Бекешчаба со 27:24 (Јанеска без гол), потоа славеше над Залау 31:26 (Јанеска 2 гола) и загуби убедливо од ЕРД со 40:23 (Јанеска 1 гол).