Јакобсен доби награда за светската титула, уште долго ќе остане селектор на Данска

Селекторот на машката репрезентација на Данска, Николај Јакобсен го продолжи договорот со федерацијата, а тоа е награда за него после освоената титула на Мундијалот во јануари. Тој би требало да остане на данската клупа до 2024 година.

Јакобсен ова лето ќе ја напушти тренерската позиција во Рајн Некар Левен и целосно ќе се посвети на работата во данскиот национален состав. Тој ја предводеше репрезентацијата до првата светска титула во јануари на првенството во Германија и Данска, па сега ќе може да продолжи во истиот стил..

‚‚Николај Јакобсен е многу баран тренер на пазарот. Задоволни сме што се согласи да ја продолжи соработката со нас. Тој е искусен тренер и менаџер кој знае како да ги мотивира играчите да остваруваат врвни резултати. Постојано се подобрува следејќи ги трендовите на играта што значи дека репрезентацијата на Данска ќе остане во врвот на светскиот ракомет‘‘, изјави спортскиот директор на данската федерација, Мортен Хенриксен.

Следниот предизвик со Данска, Јакобсен ќе го има на двомечот со Црна Гора во квалификациите за Европоското првенсто во 2020 година.