Јакобсен: Горд сум на триумфот, тешко е да се победи во Скопје

Рајн Некар Левен му се реваншираше на Вардар за поразот во минатото коло во рамките на Лигата на шампионите. Германците не го криеја расположението по победата и значајните два бода освоени на гостински терен.

Мариус Штајнхаузсер: „ Секогаш е добро да се игра во Скопје. Ова беше тежок натпревар, двата тима имаа шанса да победат. Разликата на овој натпревар ја направи Апелгрин, а и во одбраната одигравме добро. Многу сме горди што победивме во Скопје. “

Николај Јакобсен: „ Горд на моите момци победивме еден извонреден тим и одличен тренер. Атмосферата овде е феноменална и тешко е да се победи. Горд сум на победата. Некогаш можеш да кажеш дека е лесно да се победи, но кога ќе се сретнат вакви два врвни клуба, голманот е одлучувачки. Ние имавме многу добар голман овој пат,а минатиот пат Штербик беше одличен. “